Политика за приватност
Последна измена: 2 ноември 2026
Umexa Food е платформа преку која угостителските објекти прикажуваат мени и примаат нарачки за подигање и достава. Оваа политика објаснува кои лични податоци се обработуваат, зошто, колку долго и кои се твоите права, согласно Законот за заштита на личните податоци.
1. Кој сме ние
Umexa Food е развиена и управувана од Umexa Solutions, бренд на ТАС-КОМ ДООЕЛ, ул. Маршал Тито бр. 1, Мрзенци, Гевгелија, Северна Македонија, ЕМБС 5681677, ЕДБ 4006002114677 (во понатамошниот текст „Umexa“). За прашања за приватноста пиши на umexa.food@gmail.com.
2. Кој е одговорен за кои податоци
- Нарачките ги прима и обработува објектот од кој нарачуваш. Тој е одговорен за податоците од својата нарачка. Umexa ги чува и обработува во негово име и по негови упатства.
- Umexa е одговорен за работата и безбедноста на самата платформа, за профилите на сопствениците на објекти и за заедничката ознака на доверба опишана во точка 5.
3. Кои податоци се обработуваат
Кога нарачуваш:
- име и телефонски број;
- што нарачуваш, белешки кон нарачката, начин (подигање или достава), време и јазик;
- за достава: локацијата (пинот на мапата) и опис на адресата што ќе го внесеш;
- IP адреса, привремено, за заштита од злоупотреба и во дневниците на серверот.
Онлајн плаќање нема. Податоци за картички не се обработуваат.
На твојот уред (во прелистувачот, не на нашиот сервер) се памтат кошничката, името и телефонот, зачуваните адреси и последната нарачка, за следниот пат да не пишуваш сè одново. Можеш да ги избришеш со бришење на податоците на прелистувачот за оваа страница.
Известувања: ако на страницата за статус побараш известувања, прелистувачот ни дава адреса на својот сервис за известувања и клуч за шифрирање. Тие служат само за таа нарачка.
Сопственици и вработени во објекти: име и е-пошта од Google најавата, поставките и содржината на објектот, и уредите поврзани со таблата за нарачки.
Барање за пристап: кога објект бара пристап до Umexa Food, ги обработуваме е-поштата и името од Google најавата, податоците за објектот, името и телефонот за контакт и белешката, само за да го разгледаме барањето и да те контактираме. Одобреното барање станува профил на објектот; одбиеното се брише автоматски по 6 месеци.
4. Зошто и врз која основа
- За да се изврши нарачката (договорот меѓу тебе и објектот): објектот да знае што нарачуваш, да те повика ако треба и да ја достави нарачката.
- Легитимен интерес за заштита на објектите од лажни нарачки (точка 5) и за безбедност на платформата.
- Твое барање за известувања, кое можеш да го повлечеш во поставките на прелистувачот.
Податоците не се користат за реклами, не се продаваат и не се споделуваат за маркетинг.
5. Доверба и споделување меѓу објекти
За да се заштитат од лажни нарачки, објектите гледаат ознака на доверба кај секоја нарачка:
- „Почетен“ или „Редовен“ се пресметува само од нарачките во истиот објект.
- „Сомнителен“ се појавува кога ист телефонски број има неуспешни нарачки (на пример, никој не ја подигнал) во најмалку два различни објекти. Тогаш ознаката ја гледаат сите објекти на платформата, како „Означен како проблематичен во N објекти“, без имињата на тие објекти и без детали за нарачките. Ако неуспешните нарачки се само од еден објект, ознаката ја гледа само тој објект.
- Причината за неуспешната нарачка ја гледа само Umexa, не и другите објекти. По неуспешна нарачка, на страницата за статус ти пишуваме дека е означена и како да јавиш ако е грешка.
- Ознаката истекува по 6 месеци. Ако мислиш дека е погрешна, пиши ни на адресата од точка 1 и ќе ја провериме и избришеме.
Системот само предлага; одлуката дали ќе се јави или ќе одбие нарачка ја носи човек во објектот.
6. Кој друг ги добива податоците
- Објектот од кој нарачуваш, и неговиот доставувач, само за таа нарачка.
- Hetzner Online GmbH, Германија: серверот е во Германија, а шифрираните резервни копии во Финска, во рамките на ЕУ.
- Google (Gemini): кога белешката кон нарачката е на друг јазик од јазикот на објектот, само текстот на белешката и описот на адресата се праќаат на автоматски превод, без име и телефон. Google ја овозможува и најавата на сопствениците на објекти.
- Сервисите за известувања на прелистувачите (Google, Apple, Mozilla, Microsoft), ако побараш известувања. Пораката е шифрирана и тие не можат да ја прочитаат.
Google може да обработува податоци и надвор од ЕУ, со заштитите што ги бара законот (на пример, стандардни договорни клаузули).
7. Колку долго
- Нарачки: по 12 месеци името, телефонот, адресата, локацијата и белешките се бришат автоматски. Остануваат само производите, износите и времето, без податоци за тебе, за извештаите на објектот.
- Ознака „Сомнителен“: 6 месеци.
- Известувања: до затворањето на нарачката.
- Дневници на серверот: 14 дена.
- Шифрирани резервни копии: најмногу 6 месеци, па избришаните податоци исчезнуваат и од нив најдоцна тогаш.
8. Колачиња
Се користат само колачиња неопходни за работа: за сесијата, за заштита на формите и за поврзаниот уред на таблата за нарачки. Нема колачиња за следење, аналитика или реклами, па затоа не те прашуваме за согласност.
9. Твоите права
Имаш право да побараш пристап до своите податоци, нивна исправка или бришење, ограничување на обработката и да поднесеш приговор. За нарачка обрати се до објектот или до нас; ние ќе му помогнеме на објектот да одговори. Имаш право и на жалба до Агенцијата за заштита на личните податоци (dzlp.mk).
10. Безбедност
Врската е секогаш шифрирана (https), резервните копии се шифрирани, а пристапот до серверот е ограничен. Вработените на таблата за нарачки ги гледаат само нарачките, без поставките и приходите на објектот.
11. Измени
Ако ја смениме оваа политика, новата верзија ќе биде на оваа страница со нов датум погоре.