Нарачки · Управување · Маркетинг
Твој објект. Твои нарачки. Твои правила.
Umexa Food е апликација за угостителски објекти што ги обединува дигиталното мени, нарачките, управувањето и маркетингот во еден систем.
Примај нарачки од маса, за подигање или достава, управувај со понудата и креирај објави за социјалните мрежи со неколку клика, без провизија од Umexa по нарачка.
Пробај сам
Нарачај како гостин
Отвори го менито на Лоза Демо, стави нешто во кошничката и испрати нарачка. Ќе видиш што гледа гостинот додека нарачката оди од примена до готова. Ништо не се наплаќа.
- Мени
- Кошничка
- Нарачка
- Статус
Скенирај со телефон
или отвори го тука02Основа
Вграден маркетинг асистент
Претвори го твоето дигитално мени во моќна алатка за маркетинг на социјалните мрежи. Креирај привлечни објави и сториња за Instagram и Facebook со готови дизајни и AI-помош, без да трошиш часови на дизајнирање.
-
Пост или стори во 3 чекори
Избери јадење од менито, одбери еден од готовите дизајни и твојата визуелна содржина е подготвена за споделување.
-
AI описи и хаштагови
Вештачката интелигенција предлага креативни описи и релевантни хаштагови што ќе им помогнат на твоите објави да привлечат внимание.
-
Идеја за денес
Немаш инспирација што да објавиш? Маркетинг асистентот ти предлага свежа идеја за објава, која можеш веднаш да ја претвориш во привлечен визуел.
-
Импулс
-
Чинија
-
Фокус
-
Бран
-
Фластер
-
Чаршав
-
Потпис
-
Класика
-
Шанк
-
Ноар
-
Хармонија
-
Лак
Вистински екран од демо објектот „Лоза“
03Основа
Панел за сопственици
Твојот личен дигитален менаџер кој ти овозможува целосен преглед на работењето, контрола врз понудата и корисни информации за развојот на бизнисот, сè од едно место.
-
Детални извештаи во реално време
Следи го приходот, бројот на завршени нарачки и просечната сметка, со детална статистика по канали и преглед на нарачките од телефоните на гостите и од келнерите.
-
Паметна бизнис аналитика
Откриј ги најпродаваните јадења и најпрометните денови и часови за подобро да ги организираш персоналот и понудата. Добиј предупредување кога уредот за нарачки е исклучен.
-
Целосна контрола и лесно управување
Прилагодувај работно време, цени и достапност на производите, брендирај го менито со свое лого и бои, прегледувај ги активните модули и управувај со уредите преку едноставен панел со вградени упатства.
Менито е подготвено. Сега отвори нови начини за нарачување.
04Модул
Нарачки од маса
Овозможи им на гостите самостојно да го разгледуваат менито, да нарачуваат директно од своите телефони и да побараат келнер или сметка преку QR-код, без чекање и непотребни повици до персоналот.
-
Самостојно нарачување
Гостите сами избираат јадења, нарачуваат и додаваат нови производи од своите телефони, додека персоналот ги добива нарачките на оперативната табла.
-
Една маса, една сметка
Повеќе гости на иста маса ја следат заедничката сметка со преглед кој што нарачал. Ако некој нарача кај келнерот, и таа нарачка може да се додаде во истата сметка.
-
Дигитален повик и барање сметка
Со еден допир гостите повикуваат келнер или бараат сметка, со избор за плаќање во готовина или со картичка.
05Модул
Подигање (Pickup)
Овозможи им на гостите да нарачаат храна од дома, работа или каде и да се наоѓаат, да го следат статусот на подготовка и да ја подигнат нарачката во договореното време.
-
Крај за телефонските повици
Нема повеќе зафатени линии, пропуштени нарачки и рачно запишување во тефтер. Гостите нарачуваат директно преку твојот линк.
-
Прецизни нарачки без недоразбирања
Гостите самостојно избираат јадења, состојки и додатоци, а кујната добива детална дигитална нарачка, без посредување и прераскажување.
-
Подигање без непотребно чекање
Персоналот го потврдува времето за подготовка, а гостите добиваат известување кога храната е готова и можат да ја подигнат без непотребно задржување на шалтер.
06Модул
Достава
Примај нарачки за достава директно преку твојот линк, организирај ја подготовката и испораката во еден систем, без провизија по нарачка и без разлика дали имаш сопствени доставувачи или користиш надворешна служба.
-
Флексибилно време за подготовка
Имаш гужва во кујната? Прилагоди го времето за подготовка со еден допир, а клиентот веднаш ја гледа промената на својот телефон.
-
QR-код за доставувачот
Доставувачот го скенира QR-кодот на нарачката и веднаш добива адреса, телефон, навигација и информации за наплата, без дополнителни повици и објаснувања.
-
Известувања за секој чекор
Клиентот го следи статусот на нарачката, од потврдување и подготовка до моментот кога доставувачот ќе тргне кон неговата адреса.
Без провизија. Фиксна месечна цена.
Цени
Сè за твојот објект. Без непотребни трошоци.
Мени, маркетинг и нарачки на едно место. Тестирај 30 дена бесплатно, а потоа избери што ти треба.
Основен пакет
Мени, маркетинг и онлајн присуство.- Мени со фотографии и 7+ дизајни
- Маркетинг студио за идеи и објави
- Сопствена онлајн страница и линк
- QR мени и верзија за печатење
- Јавна страница на 4 јазици
- AI помош за описи и преводи
Испробај ги сите можности на Umexa Food, вклучително и трите модули за нарачки. По тестирањето, задржи само она што ти е корисно.
- Во тестот може да ги вклучиш сите модули, и сите три заедно
- Тестот почнува кога објектот е подготвен за работа
- Без платежна картичка и без автоматска наплата
- Без задолжителен годишен договор
- По тестот, месечна претплата само ако се согласиш
- Ти одлучуваш кои модули ги задржуваш
- Табла на колку уреди сакаш, без доплата
Модули за нарачки
Ова е само пресметка. Модулите што ги сакаш ги означуваш во барањето за тест, а ние ги вклучуваме кога ќе го одобриме објектот.
Почнуваме од Општина Гевгелија. Започни бесплатно, а ние ќе ти помогнеме да го поставиш објектот и да ги направиш првите чекори.
Започни бесплатноКако почнуваш
Побарај тест
Пополни кратко барање. Не треба картичка.
Лична проверка
Те контактираме, го поставуваме објектот и ти помагаме со менито.
QR и табла
Ги печатиш QR кодовите, поврзуваш уред и почнуваш. Тогаш почнуваат 30-те дена.
Прашања
Дали Umexa Food е веб-страница или портал за ресторани?
Не. Umexa Food не е каталог каде се собрани ресторани, туку апликација (софтвер) за твојот објект. Добиваш свое дигитално мени на свој линк, нарачки од маса, за подигање и достава, табла за персоналот, панел со извештаи и маркетинг асистент. Гостите нарачуваат директно од тебе, без посредник и без провизија, а клиентите и податоците остануваат кај тебе.
Што ми треба за да почнам?
Таблет или телефон со интернет за таблата. Нема апликација од продавница: таблата се додава на почетниот екран.
Дали гостинот мора да инсталира нешто?
Не. Менито се отвора во прелистувачот, од QR код или линк.
Што ако падне интернетот?
Таблата покажува црвена лента и ѕвони. Ако ниеден уред не се јави 3 минути, онлајн нарачките сами паузираат, за ниедна да не остане незабележана.
Дали таблата ѕвони и кога е заклучен телефонот?
Звукот работи додека таблата е отворена на екранот. На заклучен телефон стигнува известување: на Android во прелистувачот, на iPhone кога таблата е додадена на почетниот екран. Затоа препорачуваме уред што стои отворен на шанкот.
Кој ги гледа податоците на гостите?
Твојот објект. Umexa Food ги обработува во твое име, а личните податоци од нарачките се бришат по 12 месеци.
Дали Umexa Food ја издава фискалната сметка?
Не. Фискалната сметка ја издава касата на твојот објект, како досега. Сметката по маса во Umexa Food е информативна.
Што ако не продолжам по тестот?
Ништо не се наплаќа автоматски. Ако не продолжиш, нови нарачки не се примаат, а менито и податоците не се бришат веднаш.
Пробај го на твојот објект.
30 дена бесплатно, од денот кога сè е подготвено.
Побарај бесплатен тест








