Првата нарачка: таблата, пробата и линкот
Поврзи уред за таблата, направи пробна нарачка и сподели го менито со гостите.
Менито е спремно. Остануваат три чекори: уред на кој ќе стигнуваат нарачките, една проба и споделување на линкот. Ако твојот објект има само мени, без нарачки, прескокни до „Сподели го менито“.
Поврзи уред за таблата
Таблата е екранот на кој персоналот ги гледа и прифаќа нарачките. Може да биде таблет, телефон или компјутер.
- Во панелот отвори Нарачки → Табла за нарачки и допри Поврзи уред.
- Со уредот за шанкот скенирај го QR кодот што се појавува.
- Таблата се отвора на уредот, без лозинка. Допри Почни смена.
Персоналот на таблата ги гледа само нарачките: без цени, поставки и приходи. Изгубен уред го исклучуваш од истата страница.
Направи пробна нарачка
Од твојот телефон отвори го менито, стави нешто во кошничката и нарачај, како гостин. На таблата нарачката се огласува со звук. Прифати ја, избери време и следи ја на телефонот: гостинот го гледа секој чекор.
На крај одбиј ја со причина, на пример „Пробна нарачка“, за да не остане меѓу вистинските.
Сподели го менито
Линкот до менито е во Објект → Податоци. Стави го:
- во профилот на Instagram и Facebook;
- во пораките на Viber и WhatsApp кога гостите прашуваат за мени;
- на Google Maps, во полето за мени или веб-страница.
Во Маркетинг → За печатење има готови материјали со QR код: налепница за маса и летак за кесите за достава.
Првата недела
Гледај ја Почетна во панелот: „Денес“ покажува колку нарачки има, а „Идеја за денес“ предлага објава за социјалните мрежи. Повеќе за секој дел има во другите делови од Водичот.
Немаш Umexa Food?
Пробај го на твојот објект, 30 дена бесплатно.
