Прескокни до содржината

Објава во три чекори

Водич · Маркетинг · 1 мин читање · ажурирано 12.11.2026

Готова слика за Instagram и Facebook од твоето јадење, со текст, без дизајнер и без трошок по објава.

Содржина
  1. 1. Што објавуваш
  2. 2. Изглед
  3. 3. Текст и споделување
  4. Ништо не се објавува само

Маркетингот има една цел: гостите да дознаат дека можат да нарачаат директно од тебе. Затоа секоја слика носи и линк или QR до твоето мени.

1. Што објавуваш

Во Маркетинг избери:

  • Јадење од менито: името, цената и фотографијата се ставаат сами;
  • Своја фотографија, на пример од кујната или од салата;
  • Вест: работно време, затворено за празник, вработуваме, нарачај директно.

2. Изглед

Избери изглед. Горе се предлозите што најмногу одат со твојот стил, а под нив сите други. Секој изглед постои како објава (за фидот) и како сторија. Фотографијата ја поместуваш и зголемуваш со прст.

3. Текст и споделување

AI предлага кратка реченица за сликата и текст за објавата, со хаштагови. Прочитај ги и смени ги по желба: тоа се предлози, не готов текст.

Допри Сподели: се отвораат Instagram, Facebook или Viber со готовата слика. Ако го копираше текстот, залепи го таму.

Ништо не се објавува само

Umexa Food не објавува ништо во твое име. Сликата и текстот се подготвуваат кај тебе, а ти одлучуваш што и кога ќе објавиш.

Немаш Umexa Food?

Пробај го на твојот објект, 30 дена бесплатно.

Побарај тест