Прескокни до содржината

Изглед и јазици на менито

Водич · Мени · 2 мин читање · ажурирано 12.11.2026

Седум теми, твоја боја, лого и насловна фотографија, и менито на повеќе јазици со преводи од AI.

Содржина
  1. Тема
  2. Боја, лого и насловна фотографија
  3. Јазици

Менито треба да изгледа како твојот објект. За тоа служат темата, бојата, логото и фотографиите. Јазиците го прават разбирливо и за гостите од други земји.

Тема

Во Изглед избираш една од седумте теми. Темите се разликуваат по распоред, фонтови и начин на прикажување, а не само по боја:

  • некои ја ставаат фотографијата во прв план, за објекти со добри фотографии;
  • некои изгледаат како класична мени-карта, за ресторани и кафеани;
  • некои се брзи и збиени, за брза храна;
  • една е темна, за кафулиња и барови, каде пијалоците се во прв план.

Секоја тема има свој изглед на телефон и на компјутер, и изгледа добро и без фотографии.

Боја, лого и насловна фотографија

Бојата на брендот ја бираш слободно. Менито сам ја прилагодува, за текстот секогаш да се чита. Логото и насловната фотографија се гледаат на врвот од менито и во прегледот кога линкот се споделува на Viber или Facebook.

Јазици

Македонски и англиски ги има секое мени. Српски и грчки ги вклучуваш во Мени → Преводи.

Менито го пишуваш на твојот јазик, а AI предлага превод за другите. Предлозите се означени и чекаат твоја потврда. Кога ќе смениш текст, неговиот превод се означува како застарен, за да го провериш повторно.

Гостинот го бира јазикот на врвот од менито. Ако не избере, менито се отвора на јазикот на неговиот телефон, ако менито го има.

Немаш Umexa Food?

Пробај го на твојот објект, 30 дена бесплатно.

Побарај тест