Податоци за објектот и уреди
Име, адреса, телефон, пин, линк до менито, социјални мрежи, и поврзување и исклучување уреди.
Содржина
Податоци за објектот
Во Објект → Податоци:
- име, адреса и телефон: гостите ги гледаат во менито, а телефонот служи и за копчето за повик;
- пинот на мапата: врската „Отвори во Google Maps“ води точно до вратата;
- Instagram, Facebook и TikTok: по желба. Менито покажува икони само за пополнетите профили;
- линкот до менито, со копче за копирање.
Линкот до менито не се менува сам, бидејќи веќе споделените линкови и QR кодови би престанале да работат. За промена јави се во Umexa.
Уреди за таблата
Во Нарачки → Табла за нарачки:
- Поврзи уред покажува QR код. Уредот го скенира и таблата се отвора, без лозинка.
- Секој уред добива име, кое можеш да го смениш.
- Изгубен или стар уред го исклучуваш со Исклучи. Повеќе не прикажува нарачки.
Уредот на таблата никогаш не е најавен со твојата сметка. Персоналот ги гледа само нарачките, без цени, поставки и приходи.
Немаш Umexa Food?
Пробај го на твојот објект, 30 дена бесплатно.
