Прескокни до содржината

Табла за нарачки: почеток на смената

Водич · Табла за нарачки · 2 мин читање · ажурирано 12.11.2026

Што да направиш пред првиот гостин, за ниедна нарачка да не помине незабележано.

Содржина
  1. Уредот за таблата
  2. „Почни смена“
  3. Известувања на заклучен екран
  4. Кога ќе стигне нарачка
  5. Погрешен допир

Таблата е местото каде стигнуваат сите нарачки: за подигање, за достава и од масите. Ако е подготвена пред првиот гостин, ниедна нарачка нема да помине незабележано.

Уредот за таблата

Може да биде таблет, телефон или компјутер. Важно е да стои на полнач цела смена и да има сигурен интернет. Еден уред е доволен, а може да поврзеш и повеќе: на пример еден во кујната и еден на шанкот.

„Почни смена“

  1. Отвори ја таблата и допри Почни смена.
  2. Таблата го вклучува звукот и проверува дали екранот ќе остане вклучен и дали се дозволени известувањата.
  3. Ако нешто не е во ред, таблата кажува што да поправиш, на пример да го исклучиш штедењето батерија.

Известувања на заклучен екран

Со дозволени известувања нарачката се огласува и кога екранот е заклучен. На iPhone и iPad тоа работи само кога таблата е додадена на почетниот екран: Сподели → Add to Home Screen.

Кога ќе стигне нарачка

Новата нарачка се огласува со звук и стои во „Нови“. Прифати ја за најмногу 10 минути, инаку се затвора сама како „Неодговорена“. При прифаќање избери за колку минути ќе биде готова: гостинот веднаш го гледа времето на својот телефон.

„Одбиј“ бара причина, која гостинот ја гледа. Затоа напиши ја кратко и љубезно.

Погрешен допир

Долу се појавува „Врати“. Чекорот може да се врати до 15 минути по допирот, и од делот „Денес“.

Немаш Umexa Food?

Пробај го на твојот објект, 30 дена бесплатно.

Побарај тест