Келнерот додава тури во сметката
Гостите нарачуваат и од телефон и кај келнерот. Келнерот ги внесува своите тури во истата сметка.
Гостите слободно комбинираат: нарачуваат од телефон, а следната тура ја кажуваат на келнерот. Келнерот не води тефтер покрај апликацијата, туку турата ја внесува во истата сметка.
Додај тура
- На картичката на сметката допри Додај.
- Пребарај или избери јадења од менито. Тие што се веќе во сметката стојат најгоре, со +1.
- Допри Додај во сметка #17: целата тура е внесена.
Се додаваат само јадења од менито, со истите цени и избори. Распродаденото не може да се додаде.
Нова сметка
Ако масата не нарачала од телефон, келнерот може сам да ја отвори сметката со Нова сметка. Масата добива код, па гостите можат да продолжат од телефон.
Погрешна тура
Грешката се поправа со Откажи тура. Турата останува прецртана во сметката, со време и уред, и не се брои во збирот. Потоа внеси ја точната тура.
Што гледаат гостите
Гостите во „досега нарачано“ ја гледаат целата сметка, и турите од келнерот. Тоа е информативно, а не фискална сметка: конечната сметка ја дава келнерот.
Немаш Umexa Food?
Пробај го на твојот објект, 30 дена бесплатно.
