Маси и QR налепници
Внеси ги масите, испечати ги налепниците и види што гледа гостинот кога ќе скенира.
Со модулот Маса гостите нарачуваат од својот телефон, од масата, без име и телефон. Ти ги внесуваш масите и ги лепиш налепниците.
Внеси ги масите
Во Нарачки → Маси внеси ги масите со број или име, на пример „5“ или „Тераса 2“. Преименувањето подоцна не ја менува налепницата.
Испечати ги налепниците
Налепниците се во Маркетинг → За печатење. Печати ги сите маси ги става по четири на A4. Печати на 100%, без смалување.
Секоја налепница носи таен знак на масата, па бројот на масата не може да се погоди од линкот, ниту да се нарача однадвор.
Што гледа гостинот
Гостинот скенира, менито се отвора со лента „Маса 5“, додава во кошничката и нарачува. Името („за Ана“) е по желба и помага кога на иста маса нарачуваат повеќе луѓе.
Гостинот плаќа на маса кај келнерот, а фискалната сметка ја издава твојата каса.
Кога се прима
Нарачки од маса се примаат во работното време на објектот, кога таблата е вклучена.
Немаш Umexa Food?
Пробај го на твојот објект, 30 дена бесплатно.
