Прескокни до содржината

„Можеби и…“ во кошничката

Водич · Подигање · 1 мин читање · ажурирано 12.11.2026

Еден ред со предлози пред нарачката, за пијалок или десерт да се додаде со еден допир.

Содржина
  1. Што гледа гостинот
  2. Што се нуди
  3. Вклучување
  4. Колку носи

Многу гости би земале и пијалок или десерт, само ако им текне. „Можеби и…“ им го нуди тоа во кошничката, пред да продолжат кон нарачката.

Што гледа гостинот

Еден ред со најмногу три јадења, секое со копче +. Еден допир го додава во кошничката. Нарачката и понатаму има исти чекори.

Што се нуди

  1. Прво јадењата што ти рачно ќе ги избереш.
  2. Празните места ги пополнуваат јадења од категориите што ќе ги одбереш, на пример Пијалоци, Десерти, Прилози.

Не се нудат распродадени јадења, јадења што се веќе во кошничката, ниту јадења што бараат избор, на пример големина. Ако нема ништо соодветно, редот не се прикажува.

Вклучување

„Можеби и…“ е исклучено додека не го вклучиш во Нарачки → Нарачување.

Колку носи

Во Извештаи гледаш колку производи гостите додале преку „Можеби и…“ и во која вредност, само од завршени нарачки.

Немаш Umexa Food?

Пробај го на твојот објект, 30 дена бесплатно.

Побарај тест