Прескокни до содржината

Време за подготовка, закажани нарачки и плаќање

Водич · Подигање · 1 мин читање · ажурирано 12.11.2026

Поставките во Нарачки → Нарачување и како од нив се пресметува времето што го гледа гостинот.

Содржина
  1. Време за подготовка
  2. Гужва
  3. Закажани нарачки
  4. Начини на плаќање

Поставките за нарачување се во Нарачки → Нарачување.

Време за подготовка

Внеси колку минути обично ти треба за нарачка. Гостинот го гледа како распон, на пример 20 минути станува „20–35 мин“. При прифаќање на таблата времето се предлага само, а персоналот го менува со +10 и −10. Гостинот потоа гледа точен час.

Гужва

Кога има многу нарачки, на таблата вклучи +15 или +30 минути. Новите гости веднаш гледаат подолго време, па никој не чека повеќе отколку што му е кажано. Таблата сама предлага гужва кога има 5 или повеќе активни нарачки.

Закажани нарачки

Можеш да дозволиш закажување за подоцна во истиот ден, во термини на секои 15 минути, додека објектот работи. Закажаната нарачка се прифаќа веднаш, а се враќа меѓу активните со звук кога ќе дојде време за подготовка.

Начини на плаќање

Избери кои начини ги гледаат гостите, на пример готовина и картичка. Тоа е само информација пред нарачката: се плаќа при подигање, кај тебе, а фискалната сметка ја издава твојата каса.

Немаш Umexa Food?

Пробај го на твојот објект, 30 дена бесплатно.

Побарај тест